×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Се одржа вториот Детски караоке фест во Куманово

    16.08.2020 10:08 | KumanovoNews

    Четиринаесет млади, со изведба на домашни и странски песни настапија на Детскиот караоке фест, кој се одржа по вторпат, во организација на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.

    Се одржа вториот Детски караоке фест во Куманово

    Караоке фестот оваа година го отвори кумановецот Мартинијан Кириловски со песната „Стопати на ден“, со која победи на 34-тото издание на Фестивалот за забавни мелодии "Макфест 2019". Оваа година фестивалот беше од ревијален карактер, а на учесниците им беа доделени дипломи.

    На караоке шоуто настапија учесници од девет до осумнаесет години од Скопје, Куманово и Тетово и тоа: Анастасија Филиповска со песната „Тајно моја“ од Тоше Проески во придружба со Иван Стојковски на кавал, Андреа Томовска од Скопје со песната „Нека те боли“ од Лина Пеовска, Јана Ацески од Скопје со „Ако ме сакаш“ од Лина Пејовска, Емилија Смилевска со „Једанаест“ од Марија Шерифовиќ, Јована Златановска настапи со песната “House of the rising sun“ од  Bob Dylan, Евгенија Максимовска со "Невреме“  од Антонија Гиговска, Габи Бојковска со „Еве ме пак“ од Александра Јанева, Мила Цветковска со „Love yourself“од Justin Bieber, Анастасија Спасевска со „Masterpiece“од Jessy J, Симона Петрушевска, со „Stone Cold“од Demi Lovato и Анастасија Трајковска- „Back to black” од Amy Winehouse, Матеј Абдул Карим со „Километри“ од Влатко Лозановски, Драгана Јовановска со „Proud“ од Тамара Тодевска, Кјара Ристиќ со "Hallucinate" од Дуа Липа.

     Учесниците и публиката, потенцираа дека овој фестивал за нив има огромно значење, изразија благодарност за неговото реализирање и надеж дека ќе прерасне во традиција.

    „Сакам да изразам голема благодарност до Центарот затоа што го прави овој караоке фест за најмладите, бидејќи на Куманово и воопшто на Македонија и' недостасуваат вакви фестивали, затоа што има многу млади таленти коишто имаат квалитет и амбиции за да работат, гласовни способности, а немаат на кој начин да ја запознаат музичката сцена и да се претстават пред публиката. Оваа година учествував како модератор на настанот и настапив со песната „Тајно Моја“ со придружба на Иван Стојковски на кавал, а минатата година бев и победничка на караоке фестот со песната "Rise up" од Andra Day", рече Анастасија Филиповска, ученичка во СОУ Гимназија "Гоце Делчев" во Куманово.

    Сашо Тодоровски, директорот на Центарот за култура "Трајно Прокопиев", вели дека заинтересираноста за настанот е голема, а целта е да се откријат младите таленти во музиката и да им се даде можност да настапат пред публика.

    Пред овој настан секој од учесниците работеше посебно со професор по музика, за да достигне повисоко ниво на изведба, со што фестивалот добива на квалитет.

    Караоке фестот оваа година се организираше со помал број на учесници и помал број на публика, пред платото на Центарот за култура "Трајко Прокопиев", поради мерките за заштита од вирусот ковид-19.

    (Ф.Марковска)