Мени

Се поставува нова урбана опрема во градот

04.06.2018 13:00 | KumanovoNews

Се менуваат старите со нови којнтејнери во градот, а се поставуваат и нови клупи за седење на повеќе локации во градот.

Се поставува нова урбана опрема во градот

ЈП „Чистота и зеленило“ набави 70 контејнери за собирање смет.

„Постоечките садови за смет се веќе уништени. Новите контејнери се поставени во првата зона, а по набавката на уште 70 други контејнери, ќе продолжиме и во втората зона. Со ова ќе ги решиме проблемите кои ги имавме при депонирање и изнесување на смет“, - изјави директорот на ЈП „Чистота и зеленило“ Сашо Петрушевски.

Директорот најави дека ќе бидат поставени нови контејнери и покрај новите стамбени згради.

Истовремено Општина Куманово набави 100 клупи за седење, кои се поставуваат во централното градско подрачје, на плоштадот и Градскиот кеј.