Се поставуваат нови „лежечки полицајци“ во градот
12.07.2018 09:21
| KumanovoNews
На неколку локации во Куманово, пред основните и средни училишта, поставени се „лежечки полицајци“, кои имаат функција да го забават движењето на возилата.

Лежечките полицајци се поставуваат на иницијатива на ЗЕЛС, за користење основни сообраќајни проекти со позитивна ревизија за поставување на подигнатите пешачки премини.
Досега се поставени пет подигнати пешачки премини, а во наредните 30 до 60 дена ќе бидат поставени останатите кои вертикално и хоризонтално ќе бидат обележани.