Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Се зголемува бројот на заразени од ковид-19 во државата. Во текот на вчерашниот ден во Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) во Куманово тестирани се 33 лица, а регистирани се 15 позитивни.
Според официјалната статистика на Министерството за здравство во моментот во кумановско има 40 активно болни.
На ниво на државата во последните 24 часа направени се 894 тестови, а регистрирани се 193 нови случаи на ковид-19.
По градови во: Скопје – 109, Битола – 17, Куманово – 15, Кавадарци – 11, Велес – 7, Гостивар и Штип – по 6, Кичево – 5, Прилеп – 4, Тетово, Струмица и Радовиш – по 3, Кочани, Гевгелија, Неготино и Демир Хисар – по 1.
Починати се две лица од Скопје (85г) и Берово (76г).
Регистрирани сe 97 оздравени пациенти од: Скопје – 62, Битола – 5, Тетово, Струмица, Кочани и Охрид – по 4, Кавадарци и Неготино – по 3, Велес и Штип – по 2, Гостивар, Прилеп, Богданци и Македонски Брод – по 1.