×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Се превртел со возило и удрил во ограда

    30.09.2017 21:46 | KumanovoNews

    Едно лице е потешко повредено и задржано на лекување во Кумановската болница, откако со автомобил удрил во ограда и се превртел.

    Се превртел со возило и удрил во ограда

    Сообраќајната несреќа се случила попладнево околу 17 часот на улицата ЈНА, која води кон поранешната фабрика ЧИК, кога У.И.(25) со возило крајслер со гостиварски регистарски ознаки се движел од центарот кон периферијата на Куманово, по што изгубил контрола, се превртел и удрил во ограда од куќа.

    Возачот  е повреден и пренесен во општата болница Куманово, каде му се констатирани тешки телесни повреди, но е надвор од животна опасност.

    Очевидци на настанот кажуваат дека случајни минувачи го извадиле повредениот од колата, кој потоа со Брза помош бил пренесен во болница. На помош дошла и противпожарната единица од Куманово.