×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Се расипа единствениот мамограф во општа болница Куманово

    27.10.2017 08:37 | KumanovoNews

     Мамографот во општата болница Куманово не функционира една недела поради дотраеност и дефект, информираат надлежните од болницата.

    Се расипа единствениот мамограф во општа болница Куманово

    Пациентките од градот и соседните општини од североисточниот регион се упатуваат на скопските клиники. Мамографот во кумановската болница се користи 21 година, а вработените од Кумановската болница информираат дека надлежните институции се запознаени со проблемот и дека ќе се преземаат мерки за набавка на дигитален мамомат.

    „Мамографот престана да работи поради дотраеноста и се појави траен дефект. По последните мерења се покажа дека апаратот е неисправен и мореше да се стави вон функција, истакна доктор Славица Јакимовска, специјалист по радиодијагностика.

    Апаратот е донација од невладина организација, а започнал да се во користи 1996 година. Со мамографот во болницата, поради дотраеноста, дневно се прегледувале најмногу до шест пациентки од шестте општини од североисточниот регион.

    Директорката на кумановската општа болница Снежана Захариева, информираше дека веднаш по нејзиното назначување, болницата упатила барање и до Министерството за здравство и до Владата.

    Информира дека во измените на годишниот развоен план за 2018 година, приоритет е ставен на набавка на апаратура за повеќе оддели, но оти набавката на мамоматот е на прво место.

    – Многу помали здравствени установи добивале нова апаратура, а Куманово е оставено настрана, иако нашата услуга ја користат околу 200.000 пациенти. Се надеваме на помош и од Министерството и од Владата, бидејќи граѓаните на Куманово ги имаат истите права како и останатите од Македонија, истакна Захариева.

    Според податоците на болницата, најмладата пациентка на која и е дијагностицирано рак на дојка е 22 годишна девојка, а највозрасната е 90 годишна пациентка. (МИА)