18. 11. 2020 11:22

Се реновираат спортски терени во три средни училишта

Се реновираат спортски терени во три средни училишта

Општина Куманово започна со реновирање и доизградба на три игралишта кои се наоѓаат во средните училишта: Гимназијата „Гоце Делчев“, „Перо Наков“ и „Наце Буѓони“ во Куманово.

Спортските игралишта ќе имаат еластична спортска подлога - тартан наменета за надворешни мултиспорт терени, фиксна трибина во два реда со 80 седишта, со заштитна ограда и скали, комплет голови со мрежа по IHV стандарди и комплет кошеви со зглобен обрач и мрежа по FIBA стандарди.

- Средствата за уредување и доизградба на игралиштата се обезбедени од општинскиот буџет, со цел да се зголемат спортските капацитети во градот. За наредната година се планираани нови инвестиции во спортските содржини во градот, но и поставување на нови детски катчиња, - изјави Александар Крстевски, од Општина Куманово.

Тој апелира до граѓаните да не ги оштетуваат и уништуваат спортските објекти и опремата во градот, бидејќи таа е во интерес на сите и за развој на спортот во градот.

2008 - 2019 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk