Се степале поради сообраќајно недоразбирање
06.07.2017 13:25
| KumanovoNews
Вчера околу 16 часот ул.„Трета Македонска Бригада“, Ф.Л.(38) од с.Лојане, Х.Х.(49) од с.Ваксинце и уште едно лице кои се превезувале во патничко моторно возило, физички го нападнале М.О поради меѓусебно недоразбирање во сообраќај.

По нападот, на истиот му била укажана лекарска помош во Медицинскиот Центар-Куманово, каде му биле констатирани телесни повреди.
За настанот бил запознат Јавен обвинител, а по превземени мерки од страна на СВР-Куманово Ф.Л. и Х.Х. биле пронајдени и приведени во полициска станица и со истите бил извршен разговор. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.