Се судриле со мотори, двајца повредени
02.10.2017 14:01
| KumanovoNews
Двајца мотоциклисти се повредени, откако вчера се судриле со своите мотори на спортскиот аеродром „Аџитепе“ во Куманово.

Несреќата се случила во 14.50 часот, кога се судриле моторцикл „Сузуки“ со гостиварски регистерски таблици управуван од Б.Т.(33) од Скопје и моторцикл „Јамаха ИТ5“ со скопски регистерски таблици управуван од М.Н.(19) од Скопје.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Б.Т. додека М.Н. се здобил со телесни повреди.
На истите им била укажана лекарска помош во Општата болница во Куманово. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Куманово.
Се работи на целосно расчистување на случајот.