Се укинува радиодифузната такса
Собранието ја укина радиодифузната такса, изгласувајќи ги измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, по скратена постапка.

„За“ гласаа 70 пратеници, а немаше „против“, ниту „воздржани“. За овој закон беше потребно и Бадинтерово мнозинство, а за гласаа 20 пратеници од немнозинските пратеници.
Со законот се предвидува приходот, што досега го добиваше МРТ преку собирање на оваа давачка, да се финансира од државниот Буџет и тоа во износ од 0,5 проценти од вредноста на Буџетот на годишно ниво. За таа цел потребно е да се одвојат 885 милиони денари на годишно ниво од Буџетот на Република Македонија за 2018 година. Покрај од Буџетот, МРТ ќе се финансира и од други средства, односно од приходи на кабелските оператори и од приходи остварени со продажбата на програма произведена во МРТ.
Радиодифузната такса изнесува 190 денари, а беше воведена во 2005 година.