Се уредува дворот на „Исмет Jашари“ во Липково
05.11.2015 13:41
| KumanovoNews
Во тек е уредување на училишниот двор на средното училиште “Исмет Јашари“ во општина Липково.

Се работи на оградување, поставување на бекатон, столчиња за одмор и реконструкција на фекалната канализација.
Ова училиште секој ден сè повеќе и повеќе добива изгледа на модерно училиште, во поглед на условите за развој на воспитно-образовниот процес. Завршени се работите со изградба на спортска сала која наскоро треба да биде пуштена во употреба - велат од општина Липково.
Во ова училиште се образуваат околу 530 средношколци.