×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Се вклучува далекувод кој ги поврзува Македонија и Србија

    16.11.2015 09:21 | KumanovoNews

    МЕПСО од утре ќе го  вклучи  под  напон  новозградениот  400 киловолтен  далекувод,  со  кој  директно  се  поврзуваат  електропреносните  системи  на  Република  Македонија  и  Република  Србија.

    Се вклучува далекувод кој ги поврзува Македонија и Србија

    Новоизградениот  високонапонски  далекувод  е  линиски  објект  и  се  простира  од трансформаторската  станица  Штип  до  македонско­- српската  граница,  поминувајќи  низ териториите  на  општините  Штип,  Карбинци,  Свети  Николе,  Куманово  и  Старо  Нагоричане.

    “Со  оглед  на  тоа  што  се  работи  за  енергетски  високонапонски  400  киловолтен далекувод,  кој  што  е  објект  од  јавен  интерес,  потребно  е  месното  население  во населените  места  каде  се  простира  далекуводот,  строго  да  се  придржува  до сигнализација  за  предупредување  од  опасност  поставената  на  столбовите  на   далекуводот.  Тоа е со  цел  зачувување  на    безбедноста  при  изведување  на  какви  било  земјоделски  работи  или  градежни  активности  во  близина  на  далекуводот,  согласно одредбите од Законот за eнергетика и техничките прописи.  Воедно известуваме дека какво  било  оштетувања  или  кражба  на  елементи  од  кои  се  составени  столбовите  надалекуводот се дела казниви со закон“ - стои во соопштението од МЕПСО.

    Новиот  далекувод  е  поставен  на  168  челично  решеткасти  столбови  поставена  на траса  долга  70  километри  од  Штип  до  македонско­српската  граница  во  близина  на  Куманово.  Капацитетот  за  размена  на  електрична  енергија  на  овој  вод  е  600  мегавати. Во изградбата на овој далекувод МЕПСО вложи над 11 милиони евра. Со  изградбата  на  овој  далекувод  македонскиот  електропреносен  систем  доби  петта врска  со  четири  соседни  електропреносни  системи.  И  тоа  две  интерконекции  со грчкиот  електропреносен  систем  и  по  една  врска  со  електропреносните  системи  на Србија, Бугарија и на Косово.