Се заканувал на гости во казино, па се степал со обезбедување
13.10.2017 10:55
| KumanovoNews
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Р.А.(27) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело напад врз службено лице при вршење на работи на безбедноста.

Пријавениот на 19 септември околу еден часот по полноќ, во казино на ул.„Гоце Делчев“ во Куманово, им се заканувал на присутните при што интервенирал и З.Б. службеното лице за обезбедување од Куманово. Пријавениот после вербална расправија и упатени навреди кон истиот излегол од казиното. По кратко време, се вратил и физички го нападнал З.Б. со што му нанел телесни повреди во пределот на телото и главата.