Се запалил камион на „Благоја Думановски“
26.04.2018 09:23
| KumanovoNews
Во пожар изгорел камион и делови на ул. „Благоја Думановски“ во Куманово.

Пожарот се случил синоќа околу 18.00 часот во дворот од куќата на К.Б. (39), при што биле опожарени камион и делови од камион.
Пожарот бил изгаснат, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.
Се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот.