23. 12. 2009 02:43

Седница на Совет

Седница на Совет

Советот на Општината Куманово утре ќе ја одржи седумнаесетата, редовна седница. На дневен ред се 8 точки, а најзначајно е донесувањето на Буџетот на Општината за 2010 година.

  1. Предлог - Измена на Планот на програми за развој на Општина Куманово за 2010 година;
  2. Предлог - Програма за изменување и дополнување на Програмата за естетско украсување, урбано опремување и организирање на манифестации на просторот на централното градско подрачје по повод пречекот на Новата 2010 година;
  3. Предлог - Програма за развој на спортот и рекреативните активности на граѓаните во Општина Куманово за 2010 година;
  4. Предлог - Буџет на Општината Куманово за 2010 година;
  5. Предлог - Одлука за извршување на Буџетот на Општина Куманово за 2010 година;
  6. Предлог - Одлука за утврдување на висина на благајнички максимум за готовинско плаќање од Буџетот на Општина Куманово за 2010 година;
  7. Предлог - Решение за давање согласност на Статутот на ЈП "Куманово - паркинг" - Куманово;
  8. Предлог - Решение за формирање на Комисија за изготвување на Предлог - Програма за работа на Советот на Општина Куманово за 2010 година.

2008 - 2019 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk