Седумина од Диво Насеље обвинети на доживотен затвор
02.11.2017 13:15
| KumanovoNews
На казна доживотен затвор се осудени седумина обвинети за терористичкиот напад во кумановско Диво Насеље, а 13 обвинети добија казна од 40 години затвор.

Како што пишува Фокус, на казна затвор од 20 години се осудени петмина обвинети, две години помалку доби еден обвинет, а по двајца обвинети добија казна затвор од 14, 13 и 12 години.
Четворица од обвинетите, пак добија и ослободителна пресуда бидејќи како што истакна судијката, обвинителството не доставило доволно докази.
Нападот во Диво Насеље се случи на 9 и 10 мај 2015 година, кога беа убиени осум припадници на МВР.