Седумнаесети планинарски марш Појак Калман
02.10.2015 08:14
| KumanovoNews
Традиционалниот 17-ти планинарски марш Појак Калман ќе се одржи на 4 октомври, во организација на Здружение спортско планинарски клуб “Козјак“.

Планинарите ќе се искачуваат на планината Козјак, во општина Старо Нагоричане. Од Куманово ќе се упатат до село Арбанашко, а оттука целта им е искачување на врвот Перен на Козјак висок 1326 метри. Попат планинарите ќе го посетат и планинарскиот дом Длабочица, а ќе се вратат преку планинарскиот дом Караула повторно во Арбанашко. Патеката е долга 23 км и е средно тешка патека за планинарење.
Појак Калман бил почесен член на “Козјак“.