×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Секоја од вас е Челична лејди, им порача Заев на жените во Куманово

    04.03.2018 17:17 | KumanovoNews

    Денеска во Куманово се одржа осмомартовски марш во организација на Форумот на жени на СДСМ. Под мотото: „Заедно можеме! Со љубов за Македонија!“, неколку илјади жени од државата маршираа низ центарот на градот, а им се обрати лидерот на СДСМ Зоран Заев.

    Секоја од вас е Челична лејди, им порача Заев на жените во Куманово

    „Секогаш кога зборувам за правата на жените се потсетувам на една многу реална и инспиративна констатација на познатата британска премиерка Маргарет Тачер, позната по прекарот Челичната Леди, која вели:„ Секоја жена која ги разбира проблемите на водење на домаќинството, подобро ќе ги разбере проблемите на водење на државата“. Секоја од вас е Челичната лејди, бидејќи многу нешта постигнавме заедно и бидејќи битките никогаш не завршуваат. Бевме борци за вистина и правда, продолжуваме како борци за права и вредности“, - истакна Заев.  

    Тој рече дека системските пропусти низ годините и предрасудите оставиле многу жени без општествен ангажман или се нашле во потчинета улога во семејството, па затоа повика сите заедно, мажите и жените, да се изборат за вистинско место на жената во општеството.

     „Затоа сум овде предводник на овој марш како претседател на владејачката партија како премиер на сите граѓани, давам подршка, ве охрабрувам, ве поттикнувам, направете место за жената во општеството. Како поединци, како државни институции, како општини, активирајте се и покренете ги сите потребни процеси, одлуки, промени на закони, јавната свест, жените да ги добијат правата што им следуваат по Устав и закон и согласно демократските европски и светски стандарди“, - повика  Заев од говорницата во Куманово.

    Пред присутните се обрати и потпретседателката Радмила Шекеринска, секретарот Кирацовски и претседателката на форумот на жени Цветанка Ласкова.