×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Сексуалното насилство најмалку препознаено, а доста присутно

    24.11.2016 09:40 | KumanovoNews

    Секоја трета жена во Куманово е жртва на семејно насилство, покажало теренското испитување што го спроведе мултиетничкото здружение Флорен Најтингејл, на тема „Перцепција на семејното насилство на жените во Куманово„, финансирано од Цивика мобилитас и Швајцарската агенција за развој и соработка.

    Сексуалното насилство најмалку препознаено, а доста присутно

    Анкетата е спроведена на 300 жени од сите националности на возраст од 30 до 50 години, при што психичкото насилство е посочено како најчест вид на насилство, потоа следува физичкото и комбинација на двете, а најмалку препознаено, бидејќи најмалку се говори и најмалку се пријавува е сексуалното насилство. 

    „Веројатно најтaбуизиран облик на семејно насилство е сексуалното насилство во бракот. Проблем претставува и неговото препознавање.Така, секоја седма испитаничка смета дека жената не смее да одбие да води љубов со својот сопруг, а секоја петта е во диелма. Албанките и Ромките во многу поголем процент од Македонките и мислат дека не смејат да го одбијат интимниот однос со сопругот. Сепак 2/3 од испитаничките се изјасниле дека водењето на љубов во бракот се во взаемна согласност на двата партнери, - вели др. Марјан Младеновски, кој го работел истражувањето.

    Како облик на сексуално насилство е и изложеноста на гледање на порнографски матерјал, кое само 4/5 од жените го препознаваат и сметаат дека можат да го одбијат, додека секоја седма се двоуми, а 4,5 проценти од жените не би одбиле таква постапка ако на тоа ги примора мажот. Додека помалку образованите жени се поделени околу гледањето на порнографски содржини, со зголемување на образовниот степен се зацврстува ставот на жените за одбивање на ваквиот вид на насилство.

     „Она што беше суштинско е дека семејното насилство како општествен феномен е прилично присутно во нашата средина. Но, истовремено е табуизирана тема за која многу малку се зборува од најразлични причини. Прво е дека се уште постои срам да се говори за такво нешто, а втората причина е стравот. Тоа е некако поврзано со одредени институционални капацитети, пред се од стравот дека жените ќе ги загубат децата доколку се осмелат да пријават семејно насилство. Затоа многу често насилството останува зад затворени врати во семејството„, - додава Младеновски.

    Еден од заклучоците до кои дошле од испитувањето, кое било спроведувано во „4 очи„ е дека семејното насилство е феномен кој многу зависи од етничката припадност, образованието, бројот на членови на семејството и други фактори.

    „Новина е и индикативно дека во побројните семејства насилството е помалку препознаено. Тоа како фактор поретко се истакнува што бара подлабинска анализа зошто е тоа така. Веројатно тоа се семејства кои се потрадиционални по својата природа по својата структура и односите на доминација и субординација меѓу мажот и жената, па допринесуваат да има повеќе семејно насилство, а жените не го преципираат како такво и го доживуваат како нормална, вообичаена појава. Понатаму интересно е дека одредени категории на етнички заедници воопшто не размислуваат да пријават насилството во полиција или во Центарот за социјални работи„, - додава Младеновски.

    Економската контрола и економското насилство е силно изразено кај етничките заедници. Албанките, Ромките, како и повозрасните и помалку образованите жени се подготвени повеќе да истрпат за да го сочуваат семејството. Овој традиционален и конзервативен пристап во многу ги ограничува жените и поради недостаток на институционален одговор на ваквите прашања.

    Мажот е посочен како главен, но не и единствен насилник во семејството. Се почесто насилници се и свекрвите и жените.

    Во Куманово нема Прифатен центар за жртвите од семејно насилство, па насилниците остануваат во домот, а жените како најчести жртви мора да го напуштат и да се сместат во центрите во Скопје или Кочани.

    Резултатите на истражувачката студија „Перцепции за семејното насилство: фокус на насилството врз жените во општина Куманово“, слични се со податоците за семејно насилство во Центарот за социјални работи во Куманово.