Сектор за планирање проекти за европските фондови, најави Димитриевски
Здружението за помош на мали и средни претпријатија од „United Business Clubs (UBS)“ и European Small Business Alliance ESBA од Бугарија, денеска во Куманово одржаа трибина на трибина на тема: „Интегрален план за развој на општина Куманово во рамките на европските можности во секторите: инфраструктурни политики и транспорт, социјална политика, административно опслужување, образование, култура, спорт и земјоделие“.

Целта беше да се промовираат можностите за соработка на европски авторитети со идниот градоначалник на Куманово, со цел да се допринесе за успешно користење на европските фондови и финансирање на капитални објекти во општината.
Синиша Наумовски, професор по економски науки, извршен директор на АБИТ смета дека во изминатиот период европските фондови биле малку користени во нашата земја, но со потпишување на договорот со Република Бугарија, тоа искуство ќе се смени и позитивно ќе влијаае на идните текови.
„Во 2018 година, согласно моите информации се предвидува поголем фонд на европски пари во Македонија. Куманово може да биде меѓу првите, бидејќи важи и беше во историјата град претсприемач до 90-тите години, за жал во последниве години беше во спрега помеѓу локалната и централната власт. Еве веќе ја губи таа разлика и првпат има шанса да биде со власта, и како што кажуваат политичарите Владата да му раздолжи на Куманово“, - смета Наумовски, извршен директор на АБИТ.
Проектите ќе бидат насочени кон изградба на градинки, затворени базени, училишта, а ќе се аплицира со други општини за прекугранична соработка преку Меѓународната банка за обнова и развој.
За таа цел кандидатот за градоначалник на Општина Куманово од СДСМ и коалицијата, Максим Димитриевски, најави дека ќе формира посебен сектор за планирање и проектирање кој ќе работи на проекти со европските фондови. Ќе бидат вработени млади луѓе кои ќе имаат задача да ги следат и аплицираат на сите повици со издржани проекти.
„Планираме да ги искористиме вашите искуства за унапредување на општината и отварање на нови капацитети во бизнис заедницата, ставајќи акцент на предприемништвото. Потребна е конкретна реализација на проекти, но неопходна е дополнителна помош од луѓе кои имаат искуство на тоа поле. Градењето на добрососедски односи со Бугарија, ќе може да се продлабочи со посериозна взаемна соработка за размена на искуства, кои би резултирале со конкретен бенефит за нашата општина, но и за општините од регионот со кои можеме да оставриме прекугрнична соработка“,- рече Димитриевски во своето обраќање, заблагодарувајќи се на подршката што му ја даваат странските експерти.
На трибината присуствуваше и носителката на советничката листа на СДСМ Атина Мургашанска, претставници од бизнис секторот, невладини организации, локални и држани институции. Сите се интерсираа како да бидат конкурентни со проекти, по што организаторите најавија дека по изборите ќе организираат работилница на која ќе им ги пренесат нивните искуства.