Семафор паднал врз кумановец
04.07.2023 14:52
| KumanovoNews
Кумановец пријавил во полицијата дека врз него паднал семафор додека се движел по улица.

„Вчера во 19.45 часот во СВР Куманово, Ј.П.(62) од Куманово пријавил дека на крстосница помеѓу булеварот „Трета македонска ударна бригада“ и „Тоде Мендол“ врз него паднал светлосен сообраќаен знак - семафор. Случајот е документиран и известена е надлежната институција“, соопшти МВР.
(фото. архива)