Шестнаесети по ред „Денови на мед“ во Куманово
22.09.2015 13:29
| KumanovoNews
На Градскиот плоштад во Куманово во четврток, петок и сабота ќе се одржува саемот “Денови на мед“.

Саемот го организира пчеларско друштво “Пчела„, под покровителство на градоначалникот Зоран Дамјановски. Мед, пчелни производи и опрема за пчели ќе изложат 15 производители. Саемот ќе биде свечено отворен во 10 часот, а во 12 часот во просториите на друштвото ќе има трибина за органски мед, на која предавач ќе биде претседателот на “Пчела“, Бранко Тасевски.