18. 09. 2020 09:02

Следната недела ќе се одлучува за отворање на границите во регионот

Следната недела ќе се одлучува за отворање на границите во регионот

 Земјите од регионот во текот на наредната недела треба да одлучат за слободен премин и отворање на границите, најави министерот за здравство Венко Филипче во емисијаата “Патот кон “ на Алсат-М.

Иако ставот на здравствените власти беше ист и минатата недела, промената на режимот на слободно движење на граѓаните од регионот ќе има епилог на следната „on-line“ средба меѓу земјите од Западен Балкан, Бугарија и Грција.

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека од причина што епидемиолошката состојба е слична во целиот регион, регионалните власти најавиле координативен совет за заедничко дејствување во донесувањето одлуки за борба против пандемијата. Претходно треба да се укине условот за ПЦР тестот за да се премине границата.

2008 - 2019 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk