×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Службен весник и Правниот факултет потпишаа меморандум за соработка

    05.02.2018 19:50 | KumanovoNews

    Директорот на „Службен весник“, Мартин Костовски и деканот на Правниот факултет „Јустинијан Први“, Горан Коевски, потпишаа Меморандум за соработка во рамките на Правната клиника за ранливи групи, која веќе извесен период постои на овој факултет.

    Службен весник и Правниот факултет потпишаа меморандум за соработка

    „Службен весник“ со обезбедување на бесплатен пристап до електронската база на прописите од севкупното законодавство во РМ, сака да придонесе во зајакнувањето на капацитетите на институцијата за обезбедување практична настава на студентите и да даде поддршка во остварувањето на правата на граѓаните на кои таа им е потребна.

    „Електронската база на прописи на ЈП “Службен весник е извонредна алатка за безбедно правно работење и брзо изнаоѓање на прописите. Оттука, оваа база треба да им помогне на студентите при подготвувањето бесплатни совети. Во е-базата на прописите во РМ се сместени над 30 000 прописи од 1944 година до денес, и во неа со секоја измена на закон се изработува нов редакциски пречистен текст. Ова брзо и безгрешно пребарување на секој пропис по клучен збор е гаранција за успешна реализација на зацртаната идеја во Правната клиника, бесплатни правни совети и информации на лица од ранливи и маргинализирани групи“,  – изјави директорот на „Службен весник“, Мартин Костовски.

    Меморандумот за соработка помеѓу ЈП „Службен весник“ на РМ и Правниот факултет „Јустинијан Први“ од Скопје, покрај соработката со Правната клиника, ќе овозможи зајакнување и интензивирање на комуникацијата помеѓу двете институции во врска со издавачката дејност, во доменот на стручната литература, како и усовршување на кадри од областите во кои двете институции имаат кадровски и други потенцијали и интереси.