×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Снегот го отежна сообраќајот

    26.02.2018 08:31 | KumanovoNews

    Снегот кој паѓа од вчера го отежнаа сообраќајот на патиштата во државата, кој се одвива по влажни коловози.

    Снегот го отежна сообраќајот

    На сите сообраќајници има остатоци од кашест снег по интервенција на дежурните служби.

    Поради појава на магла видливоста е намалена од 15 до 20 м на Попова Шапка.

    Од Автомотосојузот на Македонија (АМСМ) информираат дека се воведени забрани за камиони на премините Пресека, Стража, Ѓавато и преминот Барбадос на регионалниот пат Македонски Брод - Прилеп, на патиштата  Маврово – Дебар,  Струга – граничен премин Ќафасан, на магистралниот  пат Крива Паланка - Деве Баир, на излезот од градот, како и на регионалниот пат Валандово - Дојран, каде кај крстосница Фурка има попреченост на товарно моторно возило. Во 07:45 часот изутрина укината е забраната за камиони преку Плетвар, а во 8.30 за Буково.

     АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.

    Законската обврска за задолжително поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на временската состојба, трае до 15-ти март 2018 година.