×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Снимен документарен филм „Соколана нашата гордост“ од Марјан Стошевски

    23.10.2017 09:39 | KumanovoNews

    Спортскиот новинар Марјан Стошевски, сними документарен филм под наслов „Соколана нашата гордост“, по истоимената монографија што ја издаде пред 12 години.

    Снимен документарен филм „Соколана нашата гордост“ од Марјан Стошевски

    Документарниот филм е во три продолженија и трае околу 4 часа, во кои се опфатени почетокот, изградбата на објектот, како и значењето на салата за развој на спортот во Куманово. Филмот има за цел да зачува од заборав едно време и спортски настани, кои биле душата на градот.

    “ Поттикнат од големата љубов на генерации и генерации кои ми раскажуваа за значењето на Соколана, решив да реализирам докомунтарен филм кој го нареков – Соколана нашата гордост. Во документарецот најпрвин ја опишувам идејата за изградба на домот во далечната 1923 година, по налог на тогашните власти од кралството Југославија.Всушност тие моменти биле клучни во изградбата, а подоцна и во завршувањето на Соколана. Сепак поради немање доволно финасиски средства, објектот доцнел, но по 8 години успешно е завршен. Тука ја споменувам и тогашната кумановска аванганрда, која несебично се залагала и била упорна објектот да стане реалност. Во изградбата помагале сите генерации од учениците до најстарите. Секој на свој начин“, - вели авторот Стошевски. 

    Тој додава дека најважен момент во историјата на Соколана е свеченото отворање на 7 септември 1931 година во раните утрински часови, на кое присуствувале над 5000 жители на Куманово, но и гости од другите краеви на Македонија и тогашна Југославија. Постарите жители на Куманово многу добро се сеќаваа на тој момент. Раскажувале дека Соколана била втор дом на сите во градот, катче за спортување, забава, дружење и единствен објект не само во Македонија туку и поранешна Југославија, која овозможувале секаков вид на спортски активности.

    Значаен дел во филмот се изјавите на академски граѓани од Куманово, Скопје, поранешни кошаркарски и ракометни имиња, музичари и многу други луѓе, кои даваат свое видување за Соколана.

    „Сите зборуваа со емоции и возбуда, и се потсетија на нивната младост помината во Соколана. Јас како автор на филмот имам намера да продолжам и понатаму да ја промовирам Соколана како најголем бренд на Куманово во изминатите децении, а за таа цел воспоставив контакт со врвни кошаркарски имиња од Македонија, но и поранешна Југославија. Подготвеност да зборуваат потврдија Лазар Лечиќ, Зоран Славниќ, Бора Станковиќ, Владимир Цветковиќ од Србија, Јосип Ѓерѓа од Хрватска, Иво Данеу од Словенија и многу други.Целта е преку разговорите со овие светски имиња да ја преставиме Соколана и во меѓународни рамки, бидејќи по многу нешта на спортско поле е единствена. Сите позначајни имиња од кошарката во поранешна Југославија, првите чекори ги имаат направено токму во Соколана“, - тврди Стошевски.

    Авторот се надева дека преку документарниот филм за Соколана, успеал да ги потсети кумановци за немерливата улога на храмот на спортовите во психофизичкиот развој на многу генерации. Иако се 86 години зад Соколана,  таа живее во срцата на Куманово, а и понатаму ќе биде така само ако и се врати стариот сјај.

    Стошевски предлага 7 септември, денот кога е пуштена во употреба Соколана, да се прославува како ден на развојот на спорот во градот, за што има подршка од голем број кумановци, а се надева дека ќе го прифати и локалната самоуправа и новиот градоначалник Максим Димитриевски.

    Филмот е во продукција на К3 Телевизија.