Со бензин потпален автомобил на кумановка
24.11.2017 12:21
| KumanovoNews
Се запали автомобил на кумановска, откако на коловозот е истурен бензин.

Пожарот се случил вчера во 19,10 часот на улица „Никшиќка“, кога непознато лице истурило и запалило непозната запалива течност, најверојатно бензин, до тротоарот, каде било паркирано патничко моторно возило „Опел Тигра“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на Љ.М.(72).
Од предизвиканиот пожар се запалил дел од патничкото моторно возило, браникот и регистарската ознака.
Пожарот е изгаснат од синот на оштетената. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.