Со БМВ удрил пешак, детето пренесено на Ургентен во Скопје
Осумгодишно дете е тешко повредено во сообраќајна несреќа пред гимназијата „Гоце Делчев“ во Куманово.

Сообраќајката се случила вечра во 15,30 часот на ул. „Перо Чичо“ пред главниот влез на средното училиште „Гоце Делчев“, кога патничко моторно возило „БМВ“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Т.Т.(38) од Куманово удрило во пешак Т.С. (8) од Куманово.
Во незгодата пешакот Т.С. се здобил со тешки телесни повреди, по што е пренесен во Општа болница -Куманово каде му е укажана лекарска помош, но поради сериозноста на повредите истиот е пратен во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Увид на лице место извршила екипа од Секторот за внатрешни работи од Куманово.