×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Со хепенинг заврши празнувањето на Детската недела

    09.10.2015 12:18 | KumanovoNews

    Со хепенинг на Градскиот плоштад денеска заврши празнувањето на Детската недела, во организација на хуманитарното здружение „Мајка“.

    Со хепенинг заврши празнувањето на Детската недела

    Ученици од основни училишта читаа поезија, а настапи и Детскиот градски хор. Со овој настан беше испратена порака за почитување на правата на децата.

    Со ова сакаме да испратиме порака дека и децата се дел од заедницата и дека треба повеќе да бидат почитувани детските права од возрасните, и од целата заедница - рече Лидија Илијевска, претседател на “Мајка“.

    Дел од учениците досега неколку пати учествувале во одбележување на Детската недела која трае од 5 до 11 октомври.

    Ќе ја читам поемата „Сите заедно за подобро утре“, кој покажува дека децата не ги делат луѓето по боја на кожа, традиција, потекло - рече Сара Марковска, ученичка во “Христијан Карпош“.

    Хепенингот го следеа многу деца, родители и граѓани. Цела недела хуманитарното здружение “Мајка“ организираше работилници и  спортски натпревари во Куманово за одбележување на Недела на детето.