Со секира скршил прозорци и се заканил дека ќе ја запали куќата
01.02.2018 11:36
| KumanovoNews
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против З.Н.(39) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело насилство.
На 22.12.2017 година околу 18,00 часот во Куманово на улица „15 Мај“, пријавениот, додека И.К. од Куманово била во нејзиниот дом, влегол во дворот и со секира искршил два прозорци, при што и упатил закани дека ќе ја запали куќата, а потоа си заминал.