×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Социјална инклузија на Роми повратници во Македонија

    02.11.2017 07:46 | KumanovoNews

    Национален ромски центар од Куманово како долгогодишен сојузник на обичниот човек во остварувањето на своите права, започна со реализација на проект за „Социјална инклузија на Роми повратници во Македонија“.

    Социјална инклузија на Роми повратници во Македонија

    Потребата за ваква помош се наметнала поради тоа што младите се почесто заминуваат од државата и бараат азил во земјите на Западен Балкан, и по неколку месечен престој во бегалските кампови се враќаат назад. Помеѓу поимите визна либерализација и миграција, се наоѓа човек, семејство, луѓе обединети под една заедничка именка сиромаштија.

    „Национален ромски центар воден од својата мисија, подржувајќи ги Ромите и други лица под социјален ризик да бидат еднакви во општеството, во феноменот азил и миграција увиде потреба да им помогне на ромските жители и неуспешни баратели на азил успешно да се реинтегрираат во својата држава, во Македонија. Визијата на НРЦ стана реалност со подршка на шведската организација We Effect, која прифати заедно со НРЦ да направи промена кон подобро, кон социјална инклузија на ромски жители и повратници во 6 општини во Македонија“, - велат од Национален ромски центар.

     Заложбите на НРЦ и We Effect се Ромите да имаат легален дом, образование на жените и девојки Ромки, неформално образование за Ромите, планирање на мал бизнис кој ќе носи скромна заработувачка, кои се подржани и од други помали 5 локални ромски граѓански организации кои ја делат истата визија.

    „Стратегијата за интеграција на Ромите, НРЦ ја базира врз три основни столбови на активности:јавна кампања за правата и реинтеграција на ромските повратници од странство, ран детски развој на Ромите со што се трасира патот на новата генерација со вредностите што опфаќаат соодветно образование и професионална ориентација, и директна асистенција во решавањето на најчестите правните проблеми на Ромите со што се нагласува потреба на владеење на правото без дискриминација и на ромското население му се подигнува нивото на самодоверба и самопочит, како граѓани со еднакви права во земјата“,- додаваат од НРЦ.

    За потребите на проектот е снимен и документарен филм Социјална инклузија на Роми повратници во Македонија.