„Сомнително лице“ ќе игра во Крива Паланка
13.11.2015 10:56
| KumanovoNews
Здружението на пензионери Куманово на 19 ноември ќе ја игра претставата „Сомнително лице“ во Домот на културата во Крива Паланка.

Досега „Сомнително лице“ е прикажувана во Куманово, Кочани и Врање. При крајот на месецот ќе игра и во Свети Николе, а во почеток на декември во Скопје. Во претставата глумат 16 актери пензионери. На пензионерите ова им е шести проект во чест на 150 години од раѓањето на авторот на делото Бранислав Нушиќ.