×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • СОНК протестираше пред Владата

    17.01.2018 15:26 | KumanovoNews

    Синдикатот за образование и наука денес пет минути до дванаесет протестираше Владата со барање да престане притисокот од раководните органи во јавните институции врз работниците, државата да обезбеди пристојна плата и пристојни услови за работа.

    СОНК протестираше пред Владата

    Од СОНК велат дека во протестот учествуваат 11 грански синдикати кои се здружени во Конфедерацијата на слободни синдикати, кои на 21 декември лани одлучија да протестираат од односот на актуелната власт кон репрезентативните синдикати.

    „Одлучивме да протестираме поради неможноста преку социјален дијалог да ги оствариме нашите социјални барања, како и да го искажеме револт за сè пожестокиот притисок на раководните лица во јавните установи врз синдикалните активисти“, велат од СОНК.

    Синдикалците бараат повисока плата за достоен живот, како и плата усогласена со минималната плата, државата да обезбеди К15 и за работниците од јавниот сектор и поголеми бенефиции преку колективните договор, како и почитување на колективните договори.

                                                                                              (извор СДК.мк)