Мени

Советниците утре ќе ги добијат уверенијата од ОИК

24.10.2017 19:08 | KumanovoNews

Новоизбраните советници од кумановскиот совет утре (среда) ќе ги добија уверенијата од Општинаската изборна комисија(ОИК).

Советниците утре ќе ги добијат уверенијата од ОИК

Свеченоста на врачување на уверенијата ќе се одржи во 12 часот во салата на општина Куманово.

Во новиот совет коалицијата на СДСМ има 16 советника, коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ 11, ДУИ 3, Беса 2 и Алијансата на Албанците 1.

По добивањето на уверенијата за избор за советници ќе се закаже конститутивна седница на која ќе се изберат комисисите и претседавач на советот.