Советнички прашања на осмата седница на Совет
29.03.2018 09:59
| KumanovoNews
Во среда ќе се одржи осмата седница на Советот на Општина Куманово.

На дневен ред се две точки од кои едната советнички прашања.
Дневен ред
1. Предлог – Одлука за ослободување од плаќање на надоместок за уредување на градежно земјиште за доградба на објектот „Синоличка“ на ЈОУД – Детска градинка „Ангел Шајче’’ Куманово;
2. Советнички прашања.
Ова е прва седница на која градоначалникот Максим Димитриевски ќе одговара на прашања на советниците.