×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Советникот Петрушевски ја напушти седницата, откако предходно го бојкотираше градоначалникот

    03.10.2018 15:07 | KumanovoNews

    Советникот Зоран Петрушевски од ГРОМ, денеска ја напушти седницата на Советот на Општина Куманово, незадоволен од начинот на водењето на седниците на претседателот на Советот Атина Мургашанска.

    Советникот Петрушевски ја напушти седницата, откако предходно го бојкотираше градоначалникот

    Недоразбирањата кулминираа кога советникот Петрушевски на висок тон побара, претседателката да реагира во однос нa прашањето на советникот Осама Мујадини од Алијансата на Албанците до градоначалникот дали по смената на името на државата ќе се сменат и имињата на улиците во градот.

    Тогаш дојде до жестока расправија, во која претседателката му забележа дека треба да го пушти градоначалникот да одговори на прашањето за референдумот, бидејќи предходно и тој зборувал на истата тема, по што му го одзема зборот.

    Револтиран, Петрушевски ја напушти седницата, при што на излегување со Мургашанска си разменија уште неколку обвинувања кој е во право и кој води популистичка политика.  

    - Престанета да ја оневозможувате работата на Советот, бидејќи нема да дозволам да бидеме ваши заложници. Година дена јас се расправам со вас. Срамота е како се однесувате, а Вие сте поранешен претседател на Совет, - му се обрати претседателката Мургашанска на својот колега.

    Предходно на седница, Петрушевски меѓу првите постави советничко прашање, па откако не беше задоволен од одговорот на градоначалникот одлучи да ги бојкотира неговите дискусии, со тоа што беше свртен кон ѕидот додека Димитриевски зборуваше. Тогаш претседателката објави пауза, но во продолжението наместо да се смират, препукувањата кулминираа и Петрушевски ја напушти седницата, а советот продолжи со работа.