×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Советот и градоначалникот бараат ревизија на работењето на Дамјановски

    14.11.2017 21:44 | KumanovoNews

     Советниците во Советот на Општината Куманово, донесоа одлука да се направи ревизија на матерјално-финансиско работење на Општина Куманово, додека на власт беше Зоран Дамјановски.

    Советот и градоначалникот бараат ревизија на работењето на Дамјановски

    Предлогот го поднесе советникот од опозициската ГРОМ Зоран Петрушевски, кој истакна дека бил мотивиран од обвинувањата на Димитриевски додека беше кандидат за градоначалник дека ќе се бори против урбаната мафија, криминалот и бирократијата во Општината.

    „Во изминатите години цената на превоз по ученик во Куманово изнесуваше 230-250 евра, за разлика од останатите општини каде сумата беше околу 100 евра. Дополнителен мотив е што општината е финансиски блокирана и должи 160- 170 милиони денари“,- изјави Петрушевски.

    Градоначалникот Димитриевски го подржа предлогот и рече дека секојдневно ја следи финансиската состојба во Општината, но за жал нема забелешки во ревизорските извештаи.

    „Треба да се направи ревизија на подолгорочен пeриод за да даде целосна слика на состојбите во кој период какви акти биле носени, какви задолжувања, почнувајќи од МЕАП проектот од 2000 до 2005 година, па до ден денешен.Гледам дека проблемите не се само во овој период, туку повеќегодишни, кои резултираат со лоша финансиска состојба и во Општина Куманово и во јавните претпријатија. Ревизијата нека покаже на што се должи тоа. Во Општина Куманово, секојдневно доаѓа по некој ревизиски извештај, кај што за жал можеби и јас очекувам, но нема забелешки во делот на работењето“, - изјави градоначалникот Димитриевски.

    Раководителот на секторот за финансирање и буџет во Општина Куманово Ирена Илиевска, тврди дека во времето на Дамјановски се вршеле редовни и вонредни ревизии, финасиски контроли, а доаѓале и инспектори за стопански криминал, но се покажало дека нема пропусти или прекршување на законот.

    „Во јули минатата година Финансиската полиција влезе во општината и ги одзеде сите документи за превоз на ученици за претходните пет години. Процесот траеше една година и пред два месеци општината доби известување со кое е потврдено дека нема никакви неправилности за спроверување на самата постапка и реализирање на истата“,- рече Илиевска.

    Советниците од власта од коалицијата на СДСМ го подржаа предлогот на опозицијата за ревизија на работењето на Општината затоа што сметаат дека нема што да се крие и дека се поборници за транспарентност и очетност на сите институции во законски рамки и од надлежните државни институции.