СПМ со честитка за 11 Октомври
11.10.2015 07:59
| KumanovoNews
Од општинската организација на Социјалистичката парија во Куманово на граѓаните им го честитаат 11 Октомври- Денот на народното востание.

„11 Октомври - Денот на народното востание, денот кој е симбол и почеток на големата народно ослободителна борба, денот кога македонскиот народ на најдобар можен начин го покажа својот државотворен капацитет и право на создавање самостојна, суверена и слободна држава. Нека ни е честит и вековит големиот празник 11 Октомври“ - стои во честитката од СПМ.