„Срма“ освои две награди на фестивал во Ивањица
29.08.2018 06:04
| KumanovoNews
Детско младинскиот ансамбл „Срма“ од Куманово освои две награди на Фолклорен фестивал во Ивањица, Србија, кој се одржа минатата недела.
Во силна конкуренција на ансамбли од Србија, Босна и Херцеговина и Република Српска, единствените претставници од Македонија, освоија прво место со оркестар и второ место со фолклорната група.
- Прв пат настапувавме во Ивањица и пред публиката се претставиваме со песни и игри Кумановско поле, песни и игри од Источна Македонија и Драчевка. Наидовме на одличен прием и оддушевување од публиката од нашиот настап и македонскиот фолклор. Децата беа одлично прифатени од домаќините и многу радосни што освоија две награди,- вели Марјан Бошковски, кореограф.
Ансамблот од Куманово го сочинувале 25 деца.

