Српска државјанка лажно ветувала патување до Германија
17.10.2015 11:32
| KumanovoNews
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против М.С.(40), српска државјанка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело измама.

Таа во текот на 2015 година на три лица од Кратово, Штип и Радовиш како и на членови на нивните семејства, лажно им ветила дека ќе им организира патување до Германија, каде ќе побараат азил. За услугата пријавената им зела пари стекнувајќи се со противправна имотна корист од 3.330 евра и 2.000 денари.