×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Српската амбасадорка во посета на Општина Куманово

    06.03.2018 18:44 | KumanovoNews

    Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски денеска беше домаќин на амбасадорката на Република Србија, Душанка Дивјак-Томиќ.

    Српската амбасадорка во посета на Општина Куманово

    На првата официјална средба било разговарано на повеќе теми, со акцент за решавање на инфраструктурните проблеми во населбите каде претежно живее српско население, како и воведување на факултативна настава на српскиот јазик во основните и средни училишта во градот.

    „Општина Куманово има намера во наредниот период да реализира повеќе инфраструктурни проекти на територија на нашата Општина, каде претежно живеат граѓани од српската етничка заедница, како што е селата Тромеѓа, Речица, Умин Дол, Ново Село, Љубодраг и останатите делови на градот. Поразговаравме, со заеднички напори од Општината и со подршка на Амбасадата за реализација на настава за изборно изучување на српскиот јазик во одредени основни и средни училишта. Секако тоа ќе мора да се усогласи законодавството и одредени акти. Општината секогаш е расположена за ваква соработка, бидејќи сметам дека односите помеѓу српската и македонската заедница се традиционално добри и тие треба да се продлабочуваат без разлика на официјалните ставовите на политиката, првенствено поради добрите и братски односи на самите народи кои што со векови живеат на овој простор“, - изјави Димитриевски.

    Амбасадорката Дивјак-Томиќ се заблагодари на поддршката од градоначалникот и изрази надеж дека ветувањата ќе ги реализира до крајот на неговиот мандат. Притоа нагласи дека Амбасадата на Република Србија е секогаш подготвена да помогне колку што може.

    „Особено ме радува што можеме да констатираме, не само реторички, дека нашите односи се многу добри и пријателски, бидејќи имаме толку заеднички интереси и добра воља тие интереси да ги преточиме во живот. Најзначајно е да работиме во интересите на нашите граѓани да се подобри нивниот стандард и во заедничките врски да ги пронајдеме оние точки кои ќе ни овозможат економска и културна соработка, младите повеќе да се другаруваат бидејќи на нив останува светот, - изјави амбасадорката.

    Таа додаде дека е задоволна колку внимание се посветува на припадниците на српската заедница во Куманово, а од особена важност за Амбасадата е зачувувањето на српскиот јазик и српскиот идентитет во Република Македонија.