„Српски вез“ на новогодишен концерт во Белград
Културно уметничко друштво „Српски вез“ утре ќе одржи новогодишен концерт во Белград.

„КУД „Српски вез“ заедно со КУД „Бранко Радичевиќ“ организираат новогодишен концерт во театарот „Пинокио“ на Нов Белград. Заедничкиот концерт е плод на добрата соработка, а целта на концертот е зацврстување на пријателството помеѓу двете друштва“, - изјави Далибор Китановиќ, претседател на „Српски вез“.
Тој додава дека на почетокот на месецот играорците од Куманово биле гости на концертот на КУД „Плетеница“, во Бијељина, Република Српска. На концертот „Српски вез“ се претсавил со својата најмала група, со младинскиот ансамбал, пејачката секција и својот оркестар.