„Српски вез“ настапи во Нови Сад и Сомбор
26.05.2018 17:06
| KumanovoNews
Културно уметничко друштво Куд „Српски вез“ , е во дводневна турнеја во Нови Сад и Сомбор, Р.Србија.

Играорците вчера престојувале во Нови Сад, а денеска ќе имаат заеднички концерт со КУД „Пригревица“ во Сомбор.
„На концертот „Српски вез“ ќе го претстави нашиот град со игри од кумановско поле. Исто така солостката Тамара Јакимовска ќе изведе неколку нумери во придружба на оркестарот“, - соопштуваат од КУД „Српски вез“.
Турнејата е подржана од Управата за дијаспора и Србите во регионот, при Министерството за надорешни работи на Србија.