Старо Нагоричане без разводи во второто тромесечје
29.08.2015 09:39
| KumanovoNews
Во општина Старо Нагоричане во второто тромесечје од 2015 година немало ниту еден развод, а се склучени 5 бракови, покажуваат статистиките на Државниот завод за статистика.

За истиот период во општина Липково имало 101 склучен брак и еден развод, додека во општина Куманово се склучени 222 брачни заедници, а 13 двојки се развеле. Во Кратово во второто тромесечје имало 21 брак, а разводи немало. Во Крива Паланка имало 38 венчавки, во Ранковце 3 , а разводи немало воопшто во овие две општини.
Статистиката покажува дека во помалите градови и рурални општини, бројот на разводи е многу мал.