Стечајците ќе го подржат референдумот
Стечајните работници ќе го подржат референдумот за договорот со Грција и членство во ЕУ и НАТО, затоа што сметаат дека тоа дава перспектива за младите генерации и за државата.

Претседателката на здружението „УНИТ“ Љиљана Георгиевска, вели дека ставот е заеднички и го подржале раководствата во сите градови, како и сите стечајци од државата независно дали се обештетени или чекаат обештетување, а се работи за над 40.000 семејства.
- Одлуката не е поради СДСМ, ниту поради Зоран Заев, туку поради тоа што сакаме во иднина да не се повтори нашата судбина. Се надеваме дека ќе биде подобро и младите ќе имаат подобар живот, да не се мачат како нас и да талкаат по улиците барајќи ги своите права, - изјави Георгиевска.
Таа додава дека нивното здружение ќе продолжи со својата работа и ќе се бори за правата на стечајните работници се додека не се згрижи и последниот стечаец.
Досега правото на надомест го оставриле 6.500 стечајци од кои 600 се од Куманово. Во постапка се документите на уште 1600 стечајци, кои се очекува да ги исполнат условите предвидени со дополна на законот.