×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Стечајците да обноват документи за субвенции за вода, смет и превоз

    18.12.2015 09:17 | KumanovoNews

    Стечајците од Здружението УНИТ до 10 јануари во општината треба да достават документи како и претходните години, за да продолжат да користат субвенции за вода, смет и превоз.

    Стечајците да обноват документи за субвенции за вода, смет и превоз

    Од УНИТ очекуваат околу 900 нивни членови да ги користат овие поволности кои локалната самоуправа последниве години ги нуди.

    Ќе има и оваа година  субвенционирање благодарение на Советот на општината и градоначалникот. Еден повик до стечајците навреме да достават документација како и изминативе години. Ќе имаат време до 10 јануари тоа да го завршат и да си користат и понатаму субвенции за комуналии и превоз. Регистрирани се над 1100 стечајци, а од нив нешто повеќе од 900 користат субвенции - рече Лилјана Георгиевска, претседател на УНИТ.

    Георгиевска се надева дека по петти пат по поднесен предлог закон за обештетување, со поволни услови од минимум 15 години работен стаж запишан во книшка и возраст од 52 за жени и 55 години за мажи ќе биде решен нивниот статус. Таа вели дека на потег е владејачката партија која треба да го реши ова прашање.