Стојанче Величковиќ нов началник на СВР Куманово
30.12.2015 14:27
| KumanovoNews
Стојанче Величковиќ од Куманово е новиот началник на СВР Куманово. Величковиќ денеска е назначен за прв човек на кумановската полиција со решение на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Тој на началничкото место доаѓа од раководител на смена на караулата Гошинце, а како професионалец работел на повеќе работни места во полицијата.
Величковиќ ќе го замени Моме Јакимовски од Скопје.
Покрај во Кумановската полиција смени ќе има и во скопската, битолската, велешката и на охридската полиција.