Штрајк на вработените во кумановска Македонија пат
21.11.2011 17:20
| KumanovoNews
Вработените во кумановската секција на јавното претпријатие „Македонија пат„ денеска се приклучија на штрајкот на нивните колеги во Скопје, со барање да им се исплатат заостанатите плати за последните месеци.

Тие најавија дека од наредниот понеделник ќе стапат во генерален штрајк доколку не им се исполни барањето. Штрајкот ќе се откаже само ако им бидат исплатени двете заостанати плати и надоместоците за дополнителен ангажман при расчистувањето на ланскиот снег.