Студено утро, во Куманово -5 степени
18.12.2015 10:09
| KumanovoNews
Во Куманово утрово се измерени -5 степени, потврдуваат од Управата зa хидрометеоролошки работи од Скопје.

Оваа зима ова е најстудено утро досега, а ниски утрински темепратури се очекуваат и од понеделник.
“За викeндот ќе има наоблачување, што значи дека нема температурите да бидат многу ниски. Утринските температури ќе се движат околу -6 степени во државата, а од понеделник повторно не очекува студено време наутро“-вели Душанка Танушевска, дежурен синоптичар.
Утрово во Берово било најстудено и се измерени -10 Целзиусови степени.