„Свети Сава“ неработен ден за Србите
22.01.2018 14:46
| KumanovoNews
Празникот „Свети Сава“ (27 јануари-сабота) е неработен ден за граѓаните припадници на српската заедница во Република Македонија.

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека тоа е согласно со Законот за празниците на РМ.
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните припадници на српската заедница во Република Македонија им го честита празникот „Свети Сава“.